ВТА ги суспендира сите турнири во Кина поради Шуаи Пенг

Шуаи Пенг обвини поранешен кинески вицепремиер за силување и оттогаш ја нема во јавноста/ фото: EPA-EFE/FRANCIS MALASIG

Женската тениска асоцијација (ВТА) ги суспендира сите тениски турнири во Кина поради случајот со тенисерката Шуаи Пенг.

Тенисерката минатиот месец го обвини поранешниот кинески вицепремиер Занг Гаоли за сексуално вознемирување, по што буквално ја снема од јавноста и дури неодамна се појави на еден турнир за млади во Пекинг.

„ВТА ја препозна потребата за нејзината порака да биде сфатена сериозно. Тенисерките кој се дел од ВТА, но и сите жени на светот заслужуваат внимание. Таа покажа колку е важно да се излезе во јавноста кога станува збор за сексуалното вознемирување, а посебно кога моќни луѓе се вклучени во сево ова.

Иако сега знаеме каде се наоѓа Шуаи Пенг, постојат сомневања дека таа не е безбедно и дека е под цензура. Доколку моќни луѓе можат да ги стивнат гласовите на жените и та ги турнат под тепих сите обвинувања, темелите на кои е изграден ВТА, сериозно се потресени. Како резултат на тоа, со поддршка на бордот на директори на ВТА, објавувам дека сите женски турнири на територија на Кина, вклучувајќи го и Хонг Конг, се суспендирани. Не знам како може нашите тенисерки да играат во Кина доколку Шуаи Пенг не може да комуницира слободно и е под притисок. Исто така сум загрижен поради можните ризици доколку во 2022 година се одржат турнири во Кина. Жалам што дојдовме до ова бидејќи во Кина има многу одлични луѓе со кои соработувавме сиве овие години. Искрено се надевам дека нашите молби ќе бидат слушнати и кинеските власти ќе ги преземат неопходните чекори по ова прашање – изјави првиот човек на ВТА, Стив Сајмон.

Видео на денот