ВТА: Бадоса немаше милост за Сабаленка

Убедлив настап на Паула Бадоса на завршниот ВТА Мастерс во Гвадалахара/ фото: EPA-EFE/Francisco Guasco

Паола Бадоса до два сета сета со 6:4,6:0 ја совлада втората тенисерка на светот, Арина Сабаленка во првото коло од завршниот ВТА Мастерс во Гвадалахара.

Сабаленка подобро го започна мечот, беше поагресивна и направи брејк за 2:4. Но, тоа беше се што направи белоруската тенисерка, а одговорот на Бадоса беше брутален. Шпанката ги освои наредните десет гема и дојде триумф од 6:4,6:0.


Успешен старт имаше и Марија Сакари која во истата група А беше подобра од Ига Швјонтек со 6:2,6:4. Ова беше трета победа за гршката тенисера во меѓусебните дуели со Швјонтек, а интересно е што сите три триумфи ги оствари оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот