ФОТО | Вселенски билки: Научници пораснаа растенија во почва од Месечината

Вселенски билки, Фото: Facebook, UF- Taylor Jones

Во извонреден настан, прв од својот вид, научници успеаја да одгледаат растенија во лунарна почва користејќи примероци собрани за време на мисиите „Аполо“ на Месечината. Ова е прв пат растенија да никнат и да се одгледуваат на Земјата во почва од друго небесно тело, пишува „Си-Ен-Ен“.

Истражувањето би можело да ја постави основата за одгледување растенија кои обезбедуваат кислород и храна на Месечината, што е навреме со оглед на тоа што програмата на НАСА „Артемида“ сака да ги однесе првата жена и првата личност со темна кожа на лунарниот јужен пол во текот на оваа деценија.

Но, експериментите откриваат и колку е стресно за растенијата да растат во лунарен реголит или почва која е различна од природните живеалишта на Земјата.

Фото: NASA-UF/IFAS photo by Tyler Jones

Различни видови растенија, вклучително и прехранбени култури, биле дел од вселенскиот шатл и на Меѓународната вселенска станица. Примероците од растенија се користени за да се докаже дека примероците од Месечината не се штетни за животот на Земјата.

„Растенијата помогнаа да се утврди дека примероците од почва вратени од Месечината не содржат патогени или други непознати компоненти кои би му наштетиле на копнениот живот, туку тие растенија биле само попрашени со лунарниот реголит и никогаш всушност не биле одгледувани во него“, рече коавторот на студијата, Ана-Лиза Пол, професор по хортикултурни науки на Универзитетот во Флорида.

Фото: NASA-UF/IFAS photo by Tyler Jones

Пол и коавторот на студијата Роб Ферл, професор по хортикултурни науки на Универзитетот во Флорида, сакаа да одат чекор понатаму и да видат дали семето ќе расте во лунарната почва.

„За идни, подолги мисии во вселената можеби ќе ја искористиме Месечината како центар. Што ќе се случи ако одгледувате растенија на лунарна почва, нешто што е целосно надвор од еволуциското искуство на растението? Што би правеле растенијата во лунарна стаклена градина? Дали можеме да имаме лунарни фармери?“

Експериментот се подготвува15 години, откако истражувачите го дадоа својот прв предлог и барање за примероци од Месечината. Барањето беше одобрено пред 18 месеци.

Истражувачкиот тим побарал од НАСА 4 грама лунарен материјал собран за време на мисијата „Аполо 17“. Рајан Цајглер, им испратил вкупно 12 грама (2,7 лажички) од лунарните примероци собрани од мисиите Аполо 11, 12 и 17.

„Тоа направи голема разлика и ни овозможи да погледнеме подлабоко во науката и ефектите на лунарниот реголит врз растенијата отколку што инаку би можеле да направиме“, вели Пол.

Истражувачите користеле саксии големина на напрсток. Секоја саксија ја полнеле со грам лунарна почва, додале хранливи материи и вода и неколку семки од Arabidopsis thaliana, мало цветно растение кое потекнува од Евроазија и Африка.

Фото: NASA-UF/IFAS photo by Tyler Jones

Ова растение е атрактивен растителен примерок за истражувачите бидејќи е добро проучен и неговиот генетски код е мапиран, што им овозможило на истражувачите да проучат како вонземската почва влијаела на генската експресија на растението. И растението веќе било на вселенскиот шатл и вселенската станица, обезбедувајќи му на тимот вселенски податоци за споредба.

На изненадување на истражувачите, речиси сите семиња засадени во темната лунарна почва всушност никнале и почнале да растат.

„Ние не го предвидовме тоа. Растењето ни покажа дека лунарните почви не ги прекинуваат хормоните и сигналите вклучени во ртење на растенијата“, рече Пол.

Сепак, никулците на „Arabidopsis“ покажале знаци на борба додека се прилагодувалее на лунарната почва. Садниците биле помали, растеле побавно и се разликувале по големина во споредба со растенијата одгледувани на Земјината почва. Корените биле закржлавени. Некои од растенијата покажале црвеникаво-црни пигменти во лисјата, знак на стрес.

Истражувачите сакаат да спроведат дополнителни истражувања за да разберат како растенијата во лунарната средина би можеле да ја променат почвата на Месечината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот