Врвот на МВР утринава решава како ќе се разделат последните 4.000 пасоши

Фото: Слободен печат

МВР на состанок утринава одлучува по кои критериуми ќе ги издаде последните четири илјади пасоши за кои останаа обрасци во државава. Владата побара од Министерството да одреди критериуми за издавањето, затоа што има дефицит на материјали за издавање на пасошите.

Ова предизвика долги редици во „пасошко“, зашто има четирипати повеќе барања од граѓани на кои им треба патна исправа, отколку што има обрасци. Итната постапка е во мораториум додека да дојде новата нарачка обрасци, а која се очекува за крајот на март.

Неофицијално, предност ќе имаат граѓаните со ургентни медицински потреби, оние со бизниси во странство кои не можат да чекаат, експерти кои треба да одат на меѓународни конгреси, како и иселеници што во Македонија се вратиле само за да ја извадат патната исправа што им истекува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот