Врвот на Европската Унија на средба на 29 октомври: Темата ковид-19

Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) во наредната недела ќе одржат видео-конференциска средба за координација во борбата против пандемијата на коронавирус, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на извори во ЕУ.

Како што пренесува БГНЕС, видео конференцијата ќе се одржи на 29 октомври и ќе биде прва во низата вакви настани што ги планираат европските лидери поради зголемување на инциденцата на коронавирус.

Европската комисија (ЕК) оваа недела, за првпат од почетокот на пандемијата, објави единствена санитарна мапа на ЕУ, заснована на заеднички европски критериуми. Главниот проблем во преговорите за заеднички пристап кон контрола на коронавирусот беше фактот дека и санитарната и граничната контрола се во надлежност на националните влади на земјите на ЕУ, а не на Брисел.

Од почетокот на пандемијата, околу 40,8 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот, а повеќе од 1,12 милиони починаа досега.

Видео на денот