Врвниот британски готвач Оливер Марлоу откри трик како се прават совршени палачинки

Фото: Pexels

Оливер Марлоу, главен готвач и сопственик на ресторанот „Ганимед“ во Лондон, ги сподели своите најдобри кулинарски совети, а професионалецот откри и еден трик за совршена смеса за палачинки.

Оливер препорачува смесата за палачинките да ја направите еден ден однапред и да ја оставите во фрижидер преку ноќ, пишува „Мирор“.

„Одморањето на смесата е најважниот чекор кон вкусните палачинки. Оваа постапка му овозможува на глутенот да се одмори. Она што се случува во текот на ноќта е дека сиот глутен кој сте го измешале во смесата за палачинки се опушта. Смесата на тој начин се зголемува и станува воздушеста“, објаснил готвачот.

Оливер навел дека ова овозможува сите грутки да исчезнат. Исто така, нема премногу да ја мешате смесата, а палачинките полесно ќе нараснат кога ќе почнете да ги печете, односно пржите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Marlowe (@ollymarlowe)


Готвачот додава и дека тоа што не ја оставаме смесата за палачинки да отстои, често е главната причина зошто првата палачинка е лоша и треба да ја фрлиме.

Уште еден совет на познатиот готвач за одлични палачинки е да користите млеко и јајца кои се на собна температура, наместо да ги земате директно од фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот