Врвни филмски трилогии

Да се сними врвен филм не е воопшто лесно, а да се сними цела трилогија која ќе биде извонредна, скоро е невозможна мисија. На неколкумина мајстори на седмата уметност тоа им пошло од рака. Во продолжение ќе се присетиме на некои од најдобрите и најуспешни филмски трилогии.

Кум

Оваа трилогија инспирирана од книгата со исто име со буџет од 73,5 милиони, заработила 574,8 милиони долари, а освоила 9 Оскари.
Кум (1972) режисер: Франсис Форд Копола, улоги: Марлон Брандо, Ал Пачино, Џемс Каан.
Кум 2 (1974) режисер: Франсис Форд Копола, улоги: Ал Пачино, Роберт де Ниро, Роберт Дувал.
Кум 3 (1990) режисер: Франсис Форд Копола, улоги: Ал Пачино, Дајан Китон, Енди Гарсија.

Враќање во иднината

Вкупниот буџет на оваа американска научно-фантастична комедија бил 99 милиони долари, а трилогијата заработила 975,2 милиони долари. Првиот филм од трилогијата освоил и еден Оскар.
Враќање во иднината (1985), режисер: Роберт Земекис, улоги: Мајкл Џ. Фокс, Кристофер Лојд, Леа Томпсон.
Враќање во иднината 2 (1989), режисер: Роберт Земекис, улоги: Мајкл Џ. Фокс, Кристофер Лојд, Леа Томпсон.
Враќање во иднината 3 (1909), режисер: Роберт Земекис, улоги: Мајкл Џ. Фокс, Кристофер Лојд, Мари Стинбургер.

Планета на мајмуните

Целата франшиза за „Планета на мајмуните“ заработила повеќе од 2 милијарди долари со вкупен буџет поголем од 500 милиони долари. Освен одличната приказна, оваа франшиза ја обележала една од најдобрите компјутерски создадени слики во историјата. Трилогијата ги вклучува:
Подемот на планетата на мајмуните (2011), режисер Руперт Вајат, улоги Џемс Франко, Енди Серкис, Фрида Пинто.
Падот на планетата на мајмуните (2014), режисер Мат Ривс, улоги Гери Олдман, Енди Серкис, Кери Расел.
Војна за планетата на мајмуните (2017), режисер Мат Ривс, улоги Вуди Харелсон, Енди Серкис, Стив Зан.

Господар на прстените

Оваа трилогија е еден од најголемите и најамбициозни филмски проекти со вкупен буџет од 281 милиони долари, а франшизата заработила огромни 2.917 милијарди долари. Франшизата освоила вкупно 17 Оскари, што е рекорд за сите филмски трилогии.

Господар на прстените: Дружината на прстенот (2001), режисер: Питер Џексон, улоги: Елаја Вуд, Иан Меккелен, Орландо Блум.
Господар на прстените: Две кули (2002), режисер: Питер Џексон, улоги: Елаја Вуд, Иан Меккелен, Виго Мортенсен.
Господар на прстените: Враќањето на кралот (2003), режисер: Питер Џексон, улоги: Елаја Вуд, Иан Меккелен, Виго Мортенсен.

Приказна за играчките

Компјутерски анминирана филмска трилогија во продукција на „Пиксар“ и во дистрибуција на „Дизни“. Франшизата се темели на антропоморфен концепт дека сите играчки се потајно живи, а имала буџет околу 320 милиони долари. Заработила повеќе од 1,9 милијарди долари. Целата франшиза освоила два Оскари. Трилогијата ги вклучува:

Приказна за играчките (1995), режисер: Џон Ласетер, гласови: Том Хенкс, Тим Ален, Дон Риклс.
Приказна за играчките 2 (1999), режисери: Џон Ласетер, Еш Бранон, гласови: Том Хенкс, Тим Ален, Џон Кузак.
Приказна за играчките 3 (2010), режисер: Ли Ункрич, гласови: Том Хенкс, Тим Ален, Џон Кузак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот