Врвни американски научници тврдат дека имаат решение за Ковид – 19

Тимот го отфрли хидроксихлорохинот што се користеше за лекување маларија.

Десетина врвни американски научници и група милијардери тврдат дека имаат решение за пандемијата на новиот коронавирус и пронашле врата, преку која можат да го реализираат планот во Белата куќа.

Тимот го предводи биологот Мајкл Розбаш, добитник на Нобеловата награда во 2017 година, кој истакнува дека никој од групата не работи за пари.

Групата вклучува хемичари и биолози, имунобиолог, невробиолог, хронобиолог, онколог, гастроентеролог, епидемиолог и нуклеарен научник, објави Волстрит џурнал.

Својата работа ја опишуваат како проектот „Менхетен”, друштво за истражување и развој за време на Втората светска војна кое го произведе првото нуклеарно оружје.

Една од главните идеји е пациентите да се лекуваат со силни лекарства, што се користеле за лекување на еболата, но во поглема доза. Тимот го отфрли хидроксихлорохинот што се користеше за лекување маларија.

Тимот препорачува да се пробаат различни лекови, чија ефикасност се уште не е докажана и да се намали времето за клинички преглед на нови лекови на еднаш неделно, наместо на девет месеци или една година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот