Врвен спортист, но и „мамин син“: Роналдо ја прекинал врската со Ирина Шајк поради неговата мајка

Instagram

Кристијано Роналдо, еден од најуспешните фудбалери во историјата на спортот, никогаш не криел дека семејството му е на прво место, а со тоа и поврзаноста со мајка му. Марија Долорес дос Сантос Авеиро игра една од главните улоги во неговиот живот.

Роналдо никогаш не бил близок со неговиот татко Хозе Динис Авеиро и го обвинува за неговото тешко детство. Имено, татко му починал на 53-годишна возраст од последици на алкохолизам. Во тоа време, Кристијано имал 20 години и играл за „Манчестер Јунајтед“.

„Тој беше пијаница. Никогаш не сум водел нормален разговор со него“, изјавил Роналдо во едно  интервју и се расплакал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Фудбалерот пораснал со неговиот постар брат Хуго, сестрите Лилијана и Елма, а во документарец за Роналдо, неговата мајка изјавила дека додека била бремена со Кристијано, размислувала за абортус.

„Тој е детето што сакав да го абортирам. Господ не сакаше да се случи тоа и сум благословена заради тоа. Бог не ме казни“, признала тогаш.

И покрај хипотетичката ситуација во минатото, денес тие се крајно блиски и се поддржуваат еден со друг во сите животни ситуации. Покрај тоа, фудбалерот често ја опсипува со скапи подароци, па затоа Марија се пофали дека минатата година за „Денот на мајката“ добила скап Мерцедес од нејзиниот син, пренесува „Index“.

Се чини дека Марија има големо влијание врз љубовните врски на синот. Имено, на почетокот на 2015 година се шушкало за раскинувањето на еден од најпознатите љубовни парови во тоа време, Кристијано Роналдо и Ирина Шајк.

Како што напишал тогаш Португалецот Кореио да Мана, фудбалерот наводно ја напуштил Ирина затоа што не сакала да дојде во неговото родно место Мадеира на роденденска забава за неговата мајка.

Парот го поминал Божиќ во Дубаи непосредно пред тоа, а фудбалерот планирал да биде со неговата мајка за роденденот, но Ирина не сакала да учествува во тоа. Како што изјавил тогаш изворот, сето тоа предизвикало кавга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

„Ирина зборуваше лошо за Долорес, а Роналдо застана на страната на неговата мајка. Тоа беше капката што ја прели чашата и на двајцата им се влошија односите во последните неколку месеци“, открил тогаш изворот, според „DailyMail“.

Исто така, наводно во тоа време мајчинството не ѝ било приоритет на Ирина, додека Долорес сакала партнерка за нејзиниот син која би била добра мајка на Кристијано Јуниор.

Иако во тоа време парот не ја објавил причината за разделбата, сега светот ја знае изјавата на Роналдо. „Добро се сложувавме, но таа имаше навика да рече: Зошто ја носиш мајка ти секаде каде што одиме? Треба да одбереш помеѓу мене и неа. Јас одговорив дека никогаш нема да можам да ја оставам мајка ми за друга жена. Не жалам што раскинав со неа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @schone___madchen

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот