ВРТОГЛАВИ ХОНОРАРИ! Еве колку ЗАРАБОТИЛЕ српските естрадни ѕвезди летово – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

ВРТОГЛАВИ ХОНОРАРИ! Еве колку ЗАРАБОТИЛЕ српските естрадни ѕвезди летово

Аца Лукас за 24 настапи, од кои за секој добил по 12.000 евра, заработил 288.000 евра.

Во текот на летотот најпопуларните пејачи заработиле огромни суми пари од настапите, а рекордер меѓу нив е Саша Матиќ.

Саша Матиќ со години е најбараниот машки изведувач. Летово одработил 30 настапи, а до крајот на месецов го чекаат уште пет. Неговиот хонорар е 13.000 евра, па така Матиќ летото ќе го испрати побогат за 455.000 евра, пишува Свет познатих.

На оваа листа е и Аца Лукас. За 24 настапи, од кои за секој добил по 12.000 евра, заработил 288.000 евра.

Незначително помалку профитирале Цеца Ражнатовиќ и Лепа Брена.

Брена летово имала 12 големи концерти, а нејзиниот просечен хонорар е 20.000 евра, што значи дека е побогата за 240.000 евра.

Ражнатовиќ е позната по тоа што не настапува секој викенд и што нејзините тезги се значително поскапи од настапите на останатите колеги. Таа летово настапила само петпати и за тоа имнкасирала 255.000 евра.

Голем скок на популарноста доживеала Наташа Беквалац. Таа од 30-те настапи летово заработила 210.000 евра, со оглед на тоа што просечен хонорар ѝ е 7.000 евра.

Веднаш по неа е Драгана Мирковиќ која летово ќе го заврши со 20 настапи и заработка од околу 200.000 евра. Таа би профитирала и многу повеќе, но неколку настапи на плоштади ги одработила бесплатно. За настап во дискотекла Драгана наплатува 15.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close