Врсничка од Бугарија со порака до Грета Тунберг: Доста обвинуваш, понуди конкретно решение (ВИДЕО)

Николова остро ѝ порача на Грета дека нема право да зборува за тоа дека нејзиното детство е украдено, кога милиони деца во светот се гладни и не одат на училиште поради тоа што се принудени да работат.

Оспорувајќи ги ставовите на шведската еколошка активистка Грета Тунберг, 16-годишната Филипа Николова од Бугарија предминатата седмица се прослави со нејзиното видео, во кое директно ѝ се спротиставува на својата врсничка. Николова живее во Лос Анџелес, САД, каде нејзината мајка Љубка Качакова е трговско аташе на Бугарија.

Во триминутното видео, Филипа ѝ се спротиставува на Грета и на нејзините ставови во нејзиниот говор на Самитот на ОН за климата, од септември минатата година. Меѓу другото, младата Бугарка ја критикува шведската активистка поради тоа што таа изјавила оти нејзиното детство е украдено.

Николова остро ѝ порача на Грета дека нема право да зборува за тоа дека нејзиното детство е украдено, кога милиони деца во светот се гладни и не одат на училиште поради тоа што се принудени да работат.

Додава дека смета оти борбата за животната средина не смее да се одвива на сметка на економијата, но и дека климатските промени се сериозен проблем.

На крајот ѝ порачува на шведската активистка Тунберг да понуди решение и да ја искористи својата светска слава за да формира организација која ќе помогне во светски рамки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот