„ВРЛО ДОБРО – СЛУЖИМО НАРОДУ“ ЛОГИКА

На оваа младина да и објашњаваш што беше ЈНА и како изгледа војска е неизводљиво. Како изгледа некој гребатор (scraper) од некоја вукојебина да ти биде десетар и да одлучува дали смееш да идеш у град, или ако му го чачнеш она сељачко его да чистиш клозет со четка за заби. Како изгледа некој што никад у кафана не би можел да седне на маса со тебе да ти викне „Атомски с‘ деснааа“, а ти да рипаш „ласта“ у кал. Ех, војнички денови, незаборавни. Како вика Џорџе Балашевич, „а у војсци сам добио хроничну  упалу зглоба, и другара до гроба“. Кој не бил, не може да разбере. Правило беше „не барај логика“.  Ќути и викај „Разумем!“

И, тука доаѓаме до клучниот збор на колумнава – ЛОГИКА!

Писаниево ќе биде повеќе прашалник од „одговорник“. Не за друго, него да видиме колку всушност не ти е потребен некој десетар од „Горњи Лазаревац“ за да се прашуваш каде е логиката (парафраза/компарација) во нашето општество.

1. Македонците се колнат во државата, а „маме и плачат!“ Албанците сонуваат за Голема Албанија, а тие од Албанија, Косово и Македонија едни со друг не се мирисаат. Секоја забелешка на ова ќе го прифатам за злонамерно! Чисто да знаете.

  1. Нема патник кој на релација Исток – Запад – Север – Југ нема да помине низ Македонија, а ние инфраструктурата ја сведовме колку „помини-замини“, без да направиме од тоа добар бизнис.

3. Имаме планина, вода, река, руда, долини, земја црница, а се што консумираме купуваме, увезуваме, и почнавме да читаме декларации на кинески.

4. Од ова тло имаме нобеловци, а на шалтер имаме неписмени кои те гледаат во стилот „шо е бе“‘.

5. Имаме носители на олимписки медали, светски спортисти, а имаме „маалски спорт!“

6. Ја имаме Пелагонија, а увезуваме пшеница. Тутуноберачите мотаат Joint наместо Virginia!

7. Имаме писмени луѓе, а имаме дипломати кои не знаат ни еден странски јазик. Имаме држава во која дури и „највисоки интелектуалци“ за странски јазик ги сметаат „македонско албанско македонска комуникација“.

8. Имаме историја на корен на „колевка на словенската писменост“, а се натпреваруваме кој ќе биде по антички „тројански коњ“.

9. Имаме цркви како никој, џамии, извори на љубов, а имаме омраза во секој здив „in and out!“

10. Имаме „бисер до бисер“ луѓе по светот, а никој не сака да се врати. Културен, етнички и религиозен мултиколорит кој некој го смета за богатство, а ние за оправдување за својата бедост!

11. Имаме легендарна реченица „Јас го сметам светот како поле за културен натпревар“, а нашето поле го подразбираме за „поле за мама е*аање меѓу себе“. – ДОМ ЗА ВЕШАЊЕ/Кустурица!

12. Имаме сонце,… но, бериќет – ЈОК!

Имаме, имаме, имаме,… е па с‘ опроштење у мој препознатлив стил имаме – Т*ШАК!

Би сакал да го поврзам насловот на колумната со сегашноста во која логиката е на ниво на „не ни е потребна, вака сме си навикнале“. Убо‘ ни е!

И, тука слушам некој Капетан од ЈНА како вика „врло доброо“, а ние, „СЛУЖИМО НАРОДУУ!“

Не постои меѓународна институција, сојуз на држави, алијанси, интегративни процеси во било каја структура чиј бенефит би бил подобра иднина ако, не тргнеме прво да си ги „требеме вошките“ во својата тиква и да си го избришеме носот.

Ако сме среќни со податокот дека „Германија не пофалила“ политиката е нашиот единствен спас да имаме квалитетен живот, свој идентитет кој се заснова не на „Крале Марко“ филозофија туку на квалитетен општествен конгломерат на умови, тогаш единствената паралела е таа со логиката во ЈНА.

Имаме политички естаблишмент кој катарзично мафта по медиумите кон народот ако некое утро Трамп се разбудил расположен и ја остаил Меланија да си спие уморна, па рекол Macedonia?! Oh, yeah, you are ok boys! А ние сите на сет глас врескаме YEAAAH!

Имаме политика на која многу по битна и е формата од суштината. Која работи на себе промовирање, меѓународно полтронство, кое се повикува на слобода, мир, демократија, светла иднина, а својот народ го држи во темнината на социјалниот бунар во кој е паднат и сите негови маки ги користи само како кампања – контракампања пред избори. Мегапатриоти кои „пораснати на графче – тафче“ сега бираат која риба од кое езеро е, инаку не јадаат сешто.  Адмнистративци кои во време на интернет сè уште немаат своја приватна  „мејл адреса“. Конструктивци и ‘‘авангарда‘‘ кои стојат во редот да ги бендиса некој од надвор, па да се втиснат „за повисоки цели и татковината“ у јабана! Машносани, ташносани, намирисани, светнати за на подиум фаци кои во кулоарите „гребат цигара“ и викаат „тибам машнава ама ме стега“.

ИМАМЕ ДРЖАВА!

Ок! Имаме! Како функционира таа? Па, богами, последнава најмалку деценија таа функционира по системот (странците) – Врло доброоо! А ние се пуваме – Служимо народу!!

КОМ НАРОДУ БРЕ КРЕТЕНИ!!!

НАРОД ТИ ЈЕ ГЛАДАН И ЈАДАН!….

АЈ ДА СИ ЌУТАМ!? …. аа?…. (седи мадро, да не носиш модро)! Денес у притвор се иде „док си реко‘ кекс“,.. па после дур се пазариме дали си невин, ова она,… ај заеби колумнава!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот