Врховниот суд на Велика Британија забрани враќање на британска државјанка која се приклучи на терористичката ИД

Британката која се приклучи на терористичката организација „Исламска држава” во Сирија, додека беше на средношколска возраст, не смее да се врати во Велика Британија за да ја оспори одлуката на Владата за одземање на државјанството поради безбедносни ризици, соопшти највисокиот британски суд.

Шамима Бегум, по потекло од Бангладеш, го напушти Лондон во 2015 година кога имала 15 години и отпатувала во Сирија преку Турција со двајца пријатели од училиште. Во Сирија се омажи за борец на ИД и живееше во Рака, главниот град на самопрогласениот џихадистички калифат. Таа остана таму четири години се додека не беше пронајдена во притвор. Таа роди три деца откако ја напушти Велика Британија, но сите три починаа во меѓувреме.

Британскиот министер за внатрешни работи и го одзеде државјанството во јули, но Апелацискиот суд едногласно донесе одлука дека Бегум, која сега има 21 година, има право на жалба на одлуката доколку и биде дозволено да се врати во Велика Британија.

Адвокатот на британската влада Џејмс Еди пред Врховниот суд изјави дека разузнавачките агенции заклучиле дека оние кои соработувале со ИД се сериозна закана за националната безбедност што оправдува лишување од државјанство. 

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот