Врховниот суд на САД ги поништи законите кои го блокираа законот за абортус

Активистки за женски права протестираат пред Врховниот суд на САД / 24 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Откако минатата недела ја укина значајната пресуда за Ро против Вејд со која се легализираше абортусот на национално ниво, денеска Врховниот суд на САД ги отфрли пресудите на пониските судови со кои беа поништени три закони за абортус на државно ниво. Сите три закони, од Аризона, Арканзас и Индијана, беа блокирани од пониските судови врз основа на пресудата Ро против Вејд од 1973 година и пресудата од 1992 година која го потврди ова.

Таа последователна пресуда, Планирано родителство против Кејси, беше поништена како дел од судската одлука на 24 јуни со која се потврдува законот во Мисисипи кој забранува абортус по 15-та недела од бременоста. Судот во четвртокот ја поништи пресудата за блокирање на законот во Аризона. Овој закон забранува да се вршат абортуси поради генетски аномалии на фетусот како што е Даунов синдром.

Судот го стори истото со сличен закон во Арканзас за забрана на абортуси поради Даунов синдром и со жалбата поднесена од Индијана. Таа федерална држава побара да се прошири државното законодавство кое бара родителите на малолетничките кои сакаат абортус да бидат известени за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот