Врховниот суд на САД донесе важна одлука против Трамп поради која тој збесна

Денешната одлука на Врховниот суд, Трамп ја оцени како „политички мотивирана”.

Врховниот суд на САД денеска донесе одлука обвинителството во Њујорк да може да ги добие финансиските документи на американскиот претседател Доналд Трамп, но, барем засега, спречи Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозинство имаат демократите, да добие увид во тие материјали.

Двете пресуди со седум гласови „за” и два „против” ги потпиша судијата Џон Робертс.

Долгогодишната сметководствена фирма на Трамп, „Мазарс ЛЛП”, според пресудата, треба да и предаде различни финансиски документи на големата порота во Њујорк во рамки на кривичната истрага која се води против американскиот претседател.

Меѓутоа, судот не им дозволи на комисиите на Претставничкиот дом, исто така, да можат, врз основа на судски налог да дојдат до даночните документи на Трамп, што претставува краткорочна победа на американскиот претседател.

Прочитајте и...  ГОЛЕМИ АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ ВО БЕЈРЈУТ: Полицијата фрли солзавец врз демонстрантите (ВИДЕО)

Спорот ќе продолжи на пониските судови.

Денешната одлука на Врховниот суд, Трамп ја оцени како „политички мотивирана”.

– Сето ова е политички прогон, напиша Трамп на Твитер, нагласувајќи дека тоа е непочитување на шефот на државата и администрацијата.

Трамп е прв претседател на САД, уште од Ричард Никсон, кој одбил јавно да ги објави своите даночни пријави. Неговите адвокати тврдат дека Трамп има целосен имунитет додека е на чело на САД и Конгресот нема никакво оправдување да ги бара тие документи.

Прочитајте и...  Изминатите седум денови најмногу новозаразени од почетокот на пандемијата

Прочитај повеќе

Во Херцег Нови дури 92 проценти помалку туристи од минатата година

Слободен печат

Мета: Време е албанските граѓани да станат господари на својата земја

Слободен печат

Граничната полиција на БиХ спречи 183 мигранти да ја преминат границата

Слободен печат

Во Албанија и денеска високи бројки на новозаразени со Ковид-19

Слободен печат

Повеќе од 30 мигранти спасени во каналот Ла Манш

Слободен печат

Традицијата во чест на „Св. Пантелејмон” и годинава продолжува на Голак

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ПОЖАР ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ЧЕШКА: Најмалку 10 мртви (ВИДЕО)

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот, досега починале 726.415 лица

Слободен печат

Либанскиот премиер повика на предвремени избори

Слободен печат

Српската дијаспора на протести ширум светот (ВИДЕО)

Слободен печат

Макрон: САД треба да реинвестираат во Либан

Слободен печат

Демонстрантите во Бејрут обесија картонски ликови на премиерот и членовите на владата (ВИДЕО)

Слободен печат