Врховниот лидер на Иран ја префрли вината на САД и Израел за крвавите протести

Али Хамнеи/ Фото EPA-EFE/Iranian supreme leader office

Иранскиот врховен лидер ги обвини САД и Израел за протестите што ја зафатија земјата по смртта на младата девојка, пренесува Би-Би-Си.

Во своите први јавни коментари за немирите, ајатолахот Али Хамнеи рече дека „немирите“ биле „креирани“ од иранските главни непријатели и нивните сојузници.

Протестите се најголемиот предизвик за неговото владеење веќе една деценија и тој ги повика безбедносните сили да бидат подготвени за поголем отпор.

САД соопштија дека се „згрозени“ од насилниот одговор на протестите.

Претседателот Џо Бајден рече дека е „сериозно загрижен“ поради извештаите за „интензивирање на насилното задушување на мирните демонстранти“.

Тие демонстранти повикуваа на „праведни и универзални принципи“, рече тој, додавајќи дека САД „стојат со Иранките“ кои „го инспирираат светот со својата храброст“.

Смртта на младата Иранка ја крена земјата на нозе: Жените гневни почнаа да ги палат хиџабите и да си ги сечат косите

ВИДЕО: „Женската револуција“ во Иран се разгори во масакр, убиени осум луѓе

ВИДЕО | Уште едно сурово убиство на девојка во Иран: Без хиџаб се упати кон полицијата која испука шест куршуми кон неа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот