Врховен суд ја потврди четиригодишната затворска казна за Јанкулоска во случајот „Тенк“

Врховниот суд вчера ја потврди одлуката на Апелацискиот суд за предметот „Тенк“ во кој поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска доби казна затвор во траење од четири години.

– Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 17 септември 2020 година, одлучи по поднесените барања од осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на оформените предмети заведени под КВПКОК2КВПбр.6/19 и КВПКОК2КВПбр.7/19. Со донесените пресуди, се одбиваат поднесените барања на осудените, поднесени лично од нив и преку нивните бранители и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје, објави денеска Врховниот суд.

Јанкулоска со првостепена пресуда беше осудена на шестгодишна затворска казна која Апелацискиот суд ја намали на четири години. Таа се најде под лупа на поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 580.000 евра за што осуден беше и поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Будимпешта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот