Врховен одлучи, нема да има повторување на случајот „Диво Насеље“

Диво-насеље
Диво насеље, Куманово / Фото: Архива на Слободен печат

Врховниот суд ја потврди пресудата за членовите на т.н. Кумановска група во случајот „Диво Насеље“. Според одбраната, одлуката да не се повтори судењето за случајот е флагрантно прекршување на законот, бидејќи не биле земени предвид нивните докази.

Адвокатот Насер Рауфи смета дека со оваа одлука се отворила можноста предметите да бидат испратени до судот во Стразбур.

– Сега имаме време и временски интервал од три месеци да поднесеме барање до Судот во Стразбур за човекови права, и оваа работа ќе ја направиме. Ние како одбрана мислам дека тимски ќе одиме со апликација за сите осуденици, рече адвокатот Рауфи.

Основниот суд Скопје на 2.11.2017 ги осуди членовите на Кумановската група обвинети за тероризам на вкупно 746 години затвор за настаните од 9 и 10 мај 2015 година во Куманово.

Вкупно 37 лица се обвинети за тероризам, од кои 7 се осудени на доживотен затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот