Времето денеска сончево, попладне пороен дожд и грмежи

EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

В петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот