Времето денеска сончево и студено со мала до умерена облачност

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Времето во земјава ќе биде сончево и студено, претпладне во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје претежно сончево и студено со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 2 степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на студено време со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на денот ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот