Времето денеска променливо облачно со повремен дожд

Дождливо време /Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во средината на денот ќе намали. Од крајот на денот и преку ноќта врнежи од дожд ќе има на повеќе места низ земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно, преку денот со услови за краткотраен дожд, а почести врнежи кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од недела и во деновите потоа наместа врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни и краткотрајно со услови за појава на грмежи. Постојната снежна покривка на помалите височини ќе се намалува. Особено во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 км/ч).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот