Времето денеска променливо, со локален дожд и силен ветер во југозападните региони

облачно, временска прогноза
Облачно време, илустрација / Фото: Слободен печат, архива

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови, прогнозираат метеоролозите за денеска. Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е достогне брзина и од над 70 км/час. Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот