Времето денес: Студено со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Дождливо време
Дождливо време / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови, кога заради заладувањето ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус 4 до 3 степени, а максималната од 3 до 9 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во понеделник во утринските часови на места ќе провејува снег, а преку денот облачноста ќе се намали. Поради разведрувањето, во вторник минималните температури ќе бидат ниски. Од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот