ВРЕМЕПЛОВ: Истрагите за трагедиите во Тетово и во Бугарија никако да финишираат, ќе ги дознае ли јавноста виновниците?

Истрагите з атрагедиите во Тетово и Бугарија никако да финишираат, Фото: Колаж

Веќе два месеца ОЈО ги чека и наодите на бугарските истражители кои требаа да откријат како на 23 ноември лани се запали автобот на „Беса транс“ од Скопје во кој загинаа 45 македонски државјани.

Јавното обвинителство на Македонија со месеци го чека наодот на германските вештаци кои треба да ја откријат причината за трагедијата која се случи пред четири месеци во тетовската модуларна болница во која загинаа 14 лица, а од пламените јазици беа спасени 12 лица, велат од ОЈО за „Слободен печат“. Веќе два месеца ОЈО ги чека и наодите на бугарските истражители кои требаа да откријат како на 23 ноември лани се запали автобот на „Беса транс“ од Скопје во кој загинаа 45 македонски државјани.

По речиси два месеца од автобуската несреќа во Бугарија, влстите конечно и ја одземаа лиценцата за работа на туристичката агенција „Беса Транс“, во чија сопственост беше опожарениот автобус. Министерот за економија, Крешник Бектеши, преку својот Фејсбук профил информираше дека компанијата не работи и во неа не е направен инспекциски надзор. Инаку, само еден ден по несреќата Министерството за транспорт на „Беса Транс“ и ја одзеде лиценцата за меѓународен превоз на патници. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат има извршено три вонредни инспекциски надзори во просториите на „Беса транс“ со подружница „Беса травел“ при што е констатирано дека истата не обавува дејност, односно  не работи. Од Државен инспекторат за транспорт велат дека не успеале да направат вонреден инспекциски надзор во агенцијата „Беса Транс“ која ги превезуваше патниците, бидејќи сопственикот не бил достапен, а просториите секогаш биле затворени.

Од Јавното обвинителство за делот на истрагата на македонска територија за автобуската несреќа велат дека уште е во фаза на предистражна постапка.

– Се преземаат дејствија за утврдување на фактите и евентуална кривична одговорност. Притоа, се испитуваат сите релевантни околности. Но, со цел да не и се наштети на постапката, во оваа фаза не сме во можност да споделиме повеќе детали за дејствијата кои се преземаат – велат од ОЈО.

Според досегашните изјави на шефот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, податоците покажувале дека брзината на автобусот најверојатно била несоодветна со условите на патот, а ноќта на инцидентот врнело и патот бил влажен.

Во автобуската несреќа, од загинатите 45 лица, 12 беа деца, а уште седуммина беа повредени. Тие се враќаа од туристичко патување во Турција. Според досегашната истрага, автобусот од непозната причина скршнал вдесно, удрил во заштитна ограда, по што избувнал пожар.

Изработил: Елисавета Бејкова

Што се однесува до истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница, криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР од извршениот увид на местото на пожарот во модуларната болница се пристигнати во тетовското Основно јавно обвинителство. Од Обвинителството информираат дека и натаму интензивно постапуваат по предметот и дека се преземаат и други дејствија за целосно расчистување на настанот, додека јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по прибирање на сите вербални и материјални докази.

Што се однесува до вештачењето, од ОЈО велат дека се утврдило постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница.

Изработил: Елисавета Бејкова

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот