
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студено е, а и за викендот ќе биде за никаде
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег, а ќе дува и умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.
Препорачано

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди со услови за локално провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.
Потоа за време на викендот времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, и тоа подолги во недела. Утре сѐ уште ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Што се однесува до температурите, тие сѐ уште ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината и минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, и понекаде се очекува да се спуштат до околу -15 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.
Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник па натаму, кога и времето ќе биде претежно сончево.