ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево време, попладне нестабилно со пороен дожд

дожд скопе
Дождливо време / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Времето во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Како што најавуваат од УХМР, денеска и во следните денови на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе бидат без поголема промена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот