Временска прогноза: Сончево со слаб ветер, по котлините магла

epa08810825 Early morning fog covers the landscape near Salgotarjan, Hungary, 10 November 2020. EPA-EFE/PETER KOMKA HUNGARY OUT

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла.

Во југоисточните делови ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од три до осум, а максималната ќе достигне од осум до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната од 10 до 16 степени.

Под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, во недела кон крајот на денот и в понеделник ќе има пообилни врнежи од дожд, а на места ќе бидат и поројни, над 35 литри на метар квадратен. В понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени, а максималната од 9 до 14 степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот