ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со локална облачност, од утре пораст на температурите

Сончево време/ Фото: МИА

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во североисточните и источните, претежно планински подрачја, ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.  УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот