ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево претпладне, пороен дожд попладне

дожд скопе
Дождливо време / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Денеска претпладне во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи од 9 до 15 степени, а дневната од 18 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде 13 степени, а максималната 26 степени.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот