ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

снег на плачковица
Фото: А. Пауновска, Слободен печат

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Само претпладнево локално ќе има позначителна облачност. Особено долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени, вели временската прогнооза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје претпладнево ќе има повеќе облачност, додека попладне се очекуваат повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа утре во текот на денот времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Навечер, како и во текот на ноќта кон сабота, и во сабота претпладне ќе има повеќе облачност и во западните предели ќе има повремени локални врнежи од снег. Во сабота повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер, додека наутро температурите понекаде повторно ќе се спуштаат до околу -10 степени, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Повторно постабилно и посончево време ќе имаме во недела и во понеделник, а нов влажен бран од запад се очекува во вторник и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот