ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно време со пороен дожд и грмежи

Пороен дожд во Скопје / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што соопштија од УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

До недела, под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период се очекува на места да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Температурите ќе бидат во опаѓање и под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот