ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно време, попладне дожд

Дождливо време, жена со чадор / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и особено во посеверните делови ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 9 до 14 степени, а дневната од 17 до 29 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Во делови од регионот ќе има услови за краткотарен пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе биде до 10 степени, а дневната до 25 степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот