зима сонце
Зимско сонце / Фото: А. Пауновска, Слободен печат

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, ветровито и студено

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе дува и умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели од државава вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Особено во текот на утрешниот ден ќе има и повремени локални врнежи од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштат дури и до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот