ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претпладне многу топло, попладне невреме со пороен дожд

Пороен дожд /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално и тоа особено во западните и во северните предели ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, заислен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа утре и во четврток под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за 5 до 6 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така утре ќе дува засилен ветер од северен правец, а ќе има појава и на повремен локален пороен дожд проследен со појава на грмежи.

Нов значителен пораст на температурите на воздухот ќе има од петок па за време на викендот, и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот