ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Попладне доаѓа големо невреме – дожд, грмежи и ветер

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индекстот ќе има вредност 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

УХМР соопшти дека  на повеќе места денеска ќе има нестабилно  време,  локално во форма на невреме, а во северните делови ќе има пад на температурата за околу три степени.

Во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, значителен пад на температурата, локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот