ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно, студено и со врнежи од снег

Снег на пат / Фото: РСБСП

Денес времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Понтензивни врнежи ќе има во западните предели каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Мала снежна покривка ќе се формира и во останатите места низ државава, освен во долниот тек на повардарието. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, каде се очекува формирање на помала снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 2 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за слаб локален снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен долж повардарието. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот