Временска прогноза од се по нешто: Дожд, сонце и јужен ветер

Парк / Фото: МИА

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Ќе дува слаб, во источните делови умерен ветер од југоисточен првец. Во утринските часови појава на магла има во скопската и струмичката котлина. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 19 степени

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот