Временска прогноза: Очекувајте снег, еве каде ќе врне денеска

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и во западните предели ќе има повремени локални врнежи претежно од снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, прогнозира метеорологот Славчо Поповски за Утрински брифинг.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Кон крајот на денот и навечер ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално проврнување на дожд и на снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.

Потоа утре и тоа особено претпладне во северните предели ќе има услови за локално провејување на снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец и истиот повторно ќе услови пад на дневните температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени. Во недела и во понеделник ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Наутро температурите повторно ќе бидат ниски и понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Нов влажен бран од запад се очекува во вторник и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот