ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно со повремен снег, температурите под нула

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени локални врнежи од снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните предели, а ќе и дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени послаби врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа до самиот крај на оваа недела времето ќе се задржи промелниво облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Особено во текот на утрешниот ден ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени. Доста ниски ќе останат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.

Постепено затоплување на времето и пораст на максималните температури се очекува во првите денови од следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот