ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Неделава очекувајте снег

unsplash
Зима / Фото: Архива на Слободен печат

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а долж повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа утре и во четврток во текот на денот времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Наутро ќе биде многу студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран во текот на ноќта четврток кон петок, како и во петок се очекуваат врнежи од снег, ПОИНТЕНЗИВНИ во западните предели, каде ќе се формира снежна покривка и на пониските места, а на планините истата ќе се зголеми. Мала снежна покривка ќе се формира и на другите места а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Потоа за време на викендот сѐ уште ќе има услови за слаби локални врнежи од снег. Наутро и тоа особено за време на викендот ќе биде особено студено и минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 2 степени.

Видео на денот