ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Дење сончево, навечер снег

деца снег вашингтон
Радости на снегот, одложен почетокот на второто полугодие во САД / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево, а особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта во западните предели ќе има врнежи од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа утре врнежите од снег ќе се прошират и во останатите предели, а ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во западните предели каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Мала снежна покривка ќе се формира и на другите места низ државава, освен во централните и во југоисточните предели. Ќе започне да дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите утре ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени.

За време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот