Времен сообраќаен режим на улицата „Босна и Херцеговина”

На улицата „Босна и Херцеговина” утре од 6 до 12 часот ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

„На улицата „Босна и Херцеговина” на потегот од крстосница со булевар „Христијан Тодоровски Карпош” до раскрсница со улицата „Кемал Сејфула” и улицата „Александар Урдаревски” ќе се врши прекоп, поради што сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочен по околните сообраќајници“, соопштуваат од прес-службата на Град Скопје.

Ваквата времена измена на сообраќајот, посочуваат од Град Скопје, е поради реализација на активности од проектот „Втора фаза со улично осветлување од изградба, одржување и реконструкција на булеварот „Босна и Херцеговина” во Општина Бутел” – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот