ВРЕМЕ НА ЛИПА: Чајот има неверојатни лековити својства за вашиот организам

липа
Фото Профимедиа

Липата има смирувачки ефект врз луѓето и им се препорачува на оние што имаат не многу изразени проблеми со заспивањето.

Исто така, цветот на липата има и диуретски ефект, па се препорачува и кај покачениот крвен притисок. Во народната медицина чајот од липа се користи за поттикнување на потењето, за телото да се ослободи од покачената телесна температура.

Корисен е и кај воспаленија на грлото, кашлица и отпорност кон инфекции.

Меѓу другото, чајот од липа, како и другите природни препарати кои ја содржат, не се препорачуваат за трудници и жени кои дојат.

Чајот од цвет од липа покажува позитивни својства при реума, но и како смирувачки препарат против потиштеност и нервоза. Јак чај од липа со малку мед ќе ви помогне подобро и полесно да заспиете.

Исто така, е и многу вкусен, па можете непречено да уживате во неговиот вкус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот