Време ли е и Трајковски да направи трансфер во Серија А?

EPA/CLAUDIO GIOVANNINI

Серија А е секако една од топ 5 европските лиги како сон за сите кои сакаат уште повеќе да се развиваат како фудбалери.

Елмас ја напушти екипата на Фенербахче и потпиша договор на пет години со вицешампионот Наполи предводен од тренерот Карло Анчелоти.

Во петокот Удинезе го промовираше Несторовски кој се враќа во елитата и нова шанса да ги покаже своите голгетерски перформанси против најсилните калчолигашки клубови.

За Палермо до минатата сезона настапуваше и Александар Трајковски за кој исто така се шпекулира дека би можел да се врати во Серија А.

Се поврзуваше со трансфер во Милан, Лече и Верона, но постои и можност да остане во Серија Б, односно покажан беше интерес од страна на Салернитана.

Можно е и да ги напушти Апенините, во трката за неговиот потпис се најде и португалскиот гигант Спортинг Лисабон на нашиот Стефан Ристовски.

Исто така уште еден наш репрезентативец се поврзуваше со трансфер во Серија А, станува збор за Бобан Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот