ВРЕМЕ Е ЗА ЗИМНИЦА: Пазарите се преполни со зеленчук, а ние ПРЕСМЕТАВМЕ колку пари ви требаат за полн шпајз

Летото е при крај – време е за подготовка на зимница или, барем, да се размислува за неа. Сепак останува дилемата кај домаќинствата дали повеќе им се исплати да купат зимница или да ги „засукаат ракавите“ и самите да направат ајвар, лутенка, малиџано.

Бидејќи сезоната за подготовка на зимница веќе започна, на пазарите може да се забележи раздвиженост со цел да граѓаните да се распрашаат за цените на зеленчукот и овошјето и да се направи споредба со готовите производи кои се нудат во маркетите.

Како и да е, за да се наполни шпајзот со ајвар, барени пиперки, доматен сос, корнишони, цвекло, џемови и слатко и годинава ќе бидат потребни околу 200 евра за едно четиричлено семејство.

фото: Слободен печат

Основната намирница за сите видови зимница – црвената пиперка оваа година чини од 40 до 50 денари на пазарите за еден килограм, па доколку се одлучите да правите ајвар, за 10 тегли кои тежат 750 грама потребно е да купите од 25 до 30 килограми пиперки. Со цел да се добие повеќе, некои домаќинства ставаат и модри домати кои се продаваат по 20 денари за еден или 3 за 50 денари, 2-3 литри зејтин (цената варира од 50 до 80 денари во зависност од маркетите и производителите), како и 300-400 грама сол (30-40 денари по килограм).

Прочитајте и...  Ангеловска: Остварувањето на буџетските приходи е 12,7 милијарди денари

За печење, лупење, мелење и пржење на пиперките потребни се околу пет до шест часа.

фото: Слободен печат

Па така, за пиперките, доколку ги платите по најевтината цена ќе ви бидат потребни 1.200 денари, за модриот домат околу 100 денари, за зејтин 150 денари и 30 денари за сол, па така домашниот ајвар од домашно производство ќе ве чини околу 1.500 денари за десетина тегли.

фото: Слободен печат

За оние кои не сакаат да ги „валкаат рацете“, ниту да трошат време, тегла ајвар во некој од маркетите во градот може да се купи од 100 денари па нагоре.

– Во моментов нема толку голема побарувачка за производите кои се потребни за правење на зимница. Се помалку се оние домаќинства кои сакаат и имаат време и можности да подготват ајвар во домашни услови. Квалитетот е неспоредлив со оној ајвар кој се подготвува дома и купечкиот, но ова е модерно време и се повеќе домаќинства се одлучуваат да купуваат – вели нашиот соговорник од еден од скопските зелени пазари.

Прочитајте и...  Реакција на српскиот министер Вулин: Ако иконографите се неважни, што не се фотографирала Шекеринска и со кукаст крст

Кој сака лутеница за околу 1.200 денари може да направи 7 до 10 тегли. Колку ќе се добие, зависи од должината на готвењето, па со самото тоа и густината на оваа лута зимница.

фото: Слободен печат

За десетина тегли малиџано, исто така се потребни околу 30 килограми пиперки, овој пат зелени, како и десетина модри домати, 2-3 шишиња зејтин и еден килограм сол. Па за подготовка на оваа зимница потребни ви се исто така околу 1.500 денари.

Доколку сакате готов или индустриски производ, во маркетите малиџаното се нуди по различни цени, од 150 до 180 денари за тегла од 750 грама.

На повеќе локации во градот може да се забележат т.н. „диви“ продавачи на зеленчук, а кај нив цената за еден килограм црвени пиперки изнесува 30 денари, доколку се зема поголема количина, а пак една вреќа со модри патлиџани чини 150 денари.

фото: Слободен печат

За 10 литри сок од домати потребни ви се 20 килограми домати, половина килограм сол, кесичка конзерванс и плус времето на подготовка и начинот (дали на шпорет на дрва или електричен). Па со готвењето на „домашната“ верзија на овој сок ќе ви бидат потребни околу 40-50 денари, додека во маркетите за еден литар ќе треба да платите од 60 до 80 денари.

Прочитајте и...  Македонскиот полициски синдикат бара да престанат политичките борби во МВР

Подготовката на домашна зимница за повеќе семејства претставува и начин на кој можат да заработат некој денар плус. Според нашите соговорници, кои веќе подолго време подготвуваат ајвар, лутенка и слично за други, за услугата наплатуваат од 1.000 до 1.500 денари.

фото: Слободен печат

– Целото семејство е ангажирано во овој период. Луѓето на кои им ја подготвуваме зимницата, носат се, тегли, пиперки, дрва, зејтин, а ние само ја подготвуваме зимницата и ја наплатуваме услугата. Според мене вака е подобро, затоа што, ем ние заработуваме некој денар плус, ем нашите клиенти добиваат зимница подготвена на домашен начин, за што нема споредба со купечките производи – ни изјави Марија која заедно со целото семејство прави зимница за други веќе неколку години.

Прочитај повеќе

И Забрчанец во самоизолација поради контактот со Зекири

Слободен печат

„Не ви е тоа милениче“: Посвоиле дете со аутизам, го користеле за прослави и сликање, па го вратиле (ВИДЕО)

Слободен печат

Поради нередите во САД, Трамп ќе ја прогласи левичарската група Антифа за терористичка

Слободен печат

Портпаролот на Путин ја опиша борбата со коронавирусот: Не можеш да разликуваш јагоди од пилешко

Слободен печат

Шведска првпат од 13. март без смртни случаи

Слободен печат

БиХ: Премиерот и другите осомничени во аферата со респираторите пуштени на слобода

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во Италија во последните 24 часа починаа 75 лица

Слободен печат

Филипче: Тестирано семејството на починатиот од Ковид-19 од Чаир

Слободен печат

Рударски гигант со експлозив уништи 46.000 години стари пештери на Абориџините

Слободен печат

Братот на Џорџ Флојд раскажа како течел разговорот со Трамп: Не ми даде можност ниту да зборувам (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонскиот полициски синдикат бара да престанат политичките борби во МВР

Слободен печат

Новинари на Ројтерс погодени со гумени куршуми на протестите во Минеаполис: Го снимив со камера како ја впери пушката кон мене (ВИДЕО)

Слободен печат