Време е за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ

Општина Илинден започна со опремување на нова, модерна детска градинка во Миладиновци со која се решава дел од проблемите на близу 4000 жители кои живеат во околните места.
Општина Илинден е пример дека ВМРО-ДПМНЕ знае и има капацитет да ги води институциите и да работи за добро на граѓаните.

За да ја добиеме таа можност, мораме најпрво да им прикажеме на граѓаните дека сме сериозна структура која води конзистентни политики за добро на државата. Мора прво да ја освоиме нивната доверба и потоа да ја оправдаме истата.
Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ имаше три години можност да го стори тоа. За жал не успеа ниту на претседателските, ниту на локалните избори во Охрид и Ново Село, ниту на последните парламентарни избори.
Затоа, време е за вонреден конгрес на кој што ќе избереме ново раководство кое што ќе го врати ВМРО-ДПМНЕ на победничките патеки.
Видео на денот