Време е за сериозни промени во исхраната: Намалете ја солта во храната

Ако се храните просечно, дури и ако водите грижа за здравата исхрана, но сепак не се фокусирате посебно на тоа прашање, бидете сигурни дека секојдневно внесувате премногу сол – само важно е дали тоа претерување е мало или ситуацијата е алармантна.

Ако сте од луѓето што често нарачуваат од кетеринг, јадат брза, готова или полуготова храна, ако често посегнувате по сендвичи со пршута, кулен, колбаси и други сувомесни производи или страдате од некоја хронична болест на модерното време (особено ако станува збор за висок притисок), време е за сериозни промени во исхраната.

Вишокот сол штетно влијае

Солта по хемиски состав е натриум хлорид, значи се состои од натриум и хлор, минерали што во многу мали количини се неопходни за живот бидејќи ги регулираат киселините и ги врзуваат течностите, па на тој начин го спречуваат згрутчувањето на крвта. Но, количината сол нужна за живот веќе се наоѓа во самите производи што вообичаено ги консумираме. Ако го намалите додавањето сол при готвење, речиси и да нема шанса да претерате во друга насока.

Прочитајте и...  Дали Илон Маск стана вториот најбогат човек во светот и го надмина Бил Гејтс?

Доколку се случи да дојде до недостиг на сол, тоа набрзо ќе го сфатите по грчеви во мускулите и општа слабост на организмот. Од друга страна, вишокот сол не се чувствува веднаш, туку неговото влијание се акумулира, поради што е поопасен. Тој влијае врз покачен крвен притисок и општо на болести на срцето и на крвните садови, им штети на бубрезите и на желудникот, влијае врз појавата на остеопороза, ја слабее функцијата на мозокот, а по некои истражувања значително ги зголемува шансите за Алцхајмерова болест.

Солта го подобрува вкусот и служи како конзерванс, па проблемот не е само во онаа кујнска сол што свесно ја додаваме во храната, туку поопасна е скриената сол, која ја има во готовата или полуготовата храна. Тука не се мисли само на класични готови јадења, туку и на конзерви, тегли со обарен зеленчук, пекарски и млечни производи, па дури и во слатки јадења. Многумина не знаат дека корнфлексот содржи многу сол иако има сладок вкус, па тогаш не е тешко да замислите колку се солени сувомесните производи и солените грицки.

Прочитајте и...  Дали навистина ни е потребен додаток на колаген?

Дозволената дневна количина сол е само 1-2 грама. Но, кога би внесувале само толку, повеќето луѓе би се жалеле на храна без вкус. Поради тоа нутриционистите и лекарите сметаат дека севкупниот внес на сол треба да се ограничи на 4-6 грама. Истражувањата покажуваат дека просечно човекот внесува дури до 15 грама сол, што значи десетпати повеќе од минималната, а дури трипати повеќе од максималната препорачана количина.

Зачините како замена за сол

Не мора да трошите часови во кујната или драстично да го менувате начинот на готвење за да го намалите внесувањето на сол. Дневно потребната количина од 1-2 грама ја има во обичните производи што се препорачуваат во здравата исхрана. Поради подобар вкус се препорачува најмногу 3-4 грама сол, а сè над тоа е нездраво (секако тука се подразбира и скриената сол во готовата храна што ја јадете).

Прочитајте и...  Ѕвездата од серијата „The Queen's Gambit“ Ања Тејлор-Џој: Не сум „доволно убава“ за да глумам во филмови

Ако морате да јадете храна од кетеринг, порачајте едноставни производи како месо од скара, варен ориз, компири и тестенини, но секогаш барајте да не ви ја солат храната – дополнително сами можете да го дотерате вкусот, но не само со посолување. Зачинските билки се најдобра алтернатива бидејќи освен што го засилуваат чувството на соленост, имаат и лековити својства. Освен најкористените црн пипер, магдонос, босилек и оригано, вклучете мајчина душичка, рузмарин, лаванда, мажоран, жалфија, куркума, кари, ѓумбир…

Зеленчукот зачинете го со квалитетно маслиново масло и оцет. Извор на калциум и одлична замена на сол е омилената макробиотска комбинација – гомасио – на сува тава кратко пропржете сол и семе од сусам, во сооднос 18 делови сусам и еден дел сол. Откако ќе се излади, соберете го во чиста тегла и можете да го користите две недели. Соја сосот исто така е добар избор за замена на сол и многу го користат поборниците за здрава храна.

Поврзани вести

ФОТО: Ова е ќерката на Горан Бреговиќ, која ја доби со танчерка од Сараево

Слободен печат

ФОТО| Попопуларна и од познатите: Таа е првата личност која успеа да собере 100 милиони следбеници на ТикТок

Слободен печат

Расправа меѓу историчарите: Ако Камала Харис е „втора дама“, дaли нејзиниот сопруг ќе биде „втор господин“?

Слободен печат

Гест за почит: Ед Ширан донираше 10.000 фунти за болницата која се грижеше за неговата покојна баба

Слободен печат

Марина Туцаковиќ поминува низ хемотерапија – Искрено, не се чувствувам подобро!

Слободен Печат

Колегите од „Амадеус бенд“ неутешни по смртта на Бојан: Немаше ниту еден здравствен проблем

Слободен печат

Остави Коментар