Време е за прва победа на Е. Пелистер во Лигата на Европа

фото: RN Löwen

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва (20.45 часот) на гостувањето кај словенечкиот Требње ќе се обидат да дојдат до првата победа во Лигата на Европа.

Пелистерци по три натпревари во Групата Д имаат скор од едно реми и два порази со кои се наоѓаат на претпоследното место на табелата. Битолчани во првото коло несреќно загубија кај ГОГ Гудме со 30:29 по што следеше и ремито против Кадетен Шафхаузен (25:25), за во третото коло да доживеат убедлив пораз од фаворитот во ова натпреварување Рајн-Некар Левен (28:20).

– Верувам дека во ова натпреварување нема фаворити, посебно што многу екипи имаа проблеми со ковид-19. Видовме дека Тримо Требње ја победи Татабања, иако унгарскиот тим беше фаворит. Мислам дека улогата на фаворит не треба ни да се спомнува. Важно ни е што се враќаме во натпреварувачки ритам, ова ни е трет натпревар во низа, имаме интензитет на тренинзите, играчите се поспремни од пред 10-15 дена и очекувам добра презентација на нашиот тим. Од мој тренерски агол можам да кажам дека Урош Зорман врши одлична работа. Одличен тренер е и тоа е видливо на секој чекор. Екипата е дисциплинирана, многу брза, казнува од транзиција, добро играат еден на еден и со пивотмен. Тимот е одлично селекциониран и добро воден од тренерот Зорман – вели тренерот на Е. Пелистер, Жељко Бабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот