Време е за победа на фудбалерите и за прва радост на селекторот Милевски

Фудбалерите се наоѓаат во серија од три нерешени натпревари/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) во Вадуз ги продолжува настапите во квалификациите за Мундијалот во Катар кој ќе се одржи идната година.

Противник на фудбалерите е селекцијата на Лихтенштајн која е последнопласирана на табелата во групата Ј со само еден бод.

Фудбалерите се наоѓаат во серија од три нерешени резултати од септемврискиот квалификациски против Ерменија, Исланд и Романија и победата над Лихтенштајн е импрератив.

Евентуалниот триумф би бил прв и за селекторот Благоја Милевски откако го смени Игор Ангеловски на клупата по завршувањето на Европското првенство.

– Не чувствуваме притисок. Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натревар. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација. Лихтенштајн особено на последните натпревари покажа дека се работи за цврста и добро организирана екипа, ќе треба да бидеме на најдоброто ниво – смета селекторот Милевски.

Репрезентацијата има добри спомени од гостувањата во Вадуз бидејќи токму таму во 1998 година беше остварена најубедливата победа во историјата на Македонија од 1:11.
Последната средба помеѓу Македонија и Лихтенштајн се одигра во март годинава во Скопје и заврши со убедлив триумф од 5:0.

– Фаворитската улога е на наша страна, не бегаме од неа. Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме.Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел – вели репрезентативецот Стефан Списовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот