Време е за одлука: Фудбалот се враќа дома или оди во Рим

EPA-EFE

Со натпреварот на култниот „Вембли“ вечерва ќе биде спуштена завесата на Европското првенство во кое за прв пат учествуваше и Македонија.

Во финалната битка за трофејот се најдоа репрезентациите кои покажаа највеќе на Евро 2020, Англија и Италијам селекции кои со децении го сонуваат трофејот. Англичаните го бркаат првиот трофеј на ЕП, додека „азурите“ ја чека титулата од далечната 1968 година.

Селекцијата на Англија никогаш досега не играла во финалето на ЕП, најблиску беше во 1996 година кога токму актуелниот селектор Гарет Саутгејт беше трагичар во полуфиналето против Германија. Саутгејт го промаши пеналот во последната петта серија, но сега 25 години подоцна има можност да ги „избрише“ кошмарите и да стане херој на Англија.
– Тој момент и пеналот ме прогонуваше долго време. Но, со тек на времето научив да живеам сдо тоа. Знам дека тогаш ја разочарав цела Англија – се потсетува Саутгејт за промашениот пенал во 1996 година.

Тој долги години беше омразена личност во Англија, но кога ја започна тренерската кариера повторно почна да ги добива симпатиите. За тоа дека промашениот пенал му е простен, доказ е анкетата според која Саутгејт е најпопуларната личност во историјата на Англија.
– Знаеме дека ваква шанса не се укажува често. Сега е прашањето дали ќе бидете златни или сребрени, разликата е мала, но во суштина таа е огромна бидејќи само победниците се паметат – вели Саутгејт.

Дека Англија е подготвена за трофеј покажа и на последното големо натгпреварување, Мундијалот во Русија 2018 година кога го освои четвртото место. Дополнителен мотив за англиските фудбалери ќе биде тоа што финалето ќе се игра во Лондон, а Англичаните со исклучок на дуелот од четвртфиналето против Украина, сите натпревари ги играа на домашен терен.
Атмосферата е таква како Англија да мора да биде европски шампион. Привилегија е да се игра полуфинале и финале на овој стадион – вели капитенот на Италија, Џорџо Кјелини.
И вториот финалист има херој на клупата кој ја врати вербата во италијанскиот фудбал. Тоа е Роберто Манчини кој седна на клупата по неуспехот во квалификациите за СП 2018 година и за три години направи резултати за почит. Италија дури 33 натпревари е без пораз, а покрај офанзивниот фудбал кој го негува, Манчини лансира голем број на млади фудбалери како Барела, Заниоло, Локатели, Киеза, Песина кои гарантираат светла иднина на италијанскиот фудбал но и освојување на трофеи.
– Италија е на местото кое и припаѓа. На ова ЕП покажавме зрелост, дисциплина, глад за победа и голема желба да гинеме за нашата држава. Сакам атмосферата на „Вембли“ да ја претвориме во предност бидејќи сигурно е дека противникот ќе биде под поголем притисок – вели Манчини кој ги освои симпатиите на европската фудбалска јавност.

Рекордна популарност на селекторот, Саутгејт е попопуларен од Черчил за време на Втората светска војна

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот